Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Баерн нема да го купи Кутињо за 90 милиони евра, фудбалерот може да се врати во Премиер лигата

Кутињо: Сакам да се заблагодарам на Баерн со голови и добри перформанси на теренот
300x250 opst2

Барселона, 18 март 2020 (МИА) – Барселона е убедена дека Баерн нема да го откупи играчот од средниот ред Филипе Кутињо на крајот на сезоната. Минхенскиот клуб го изнајми Бразилец минатото лето за една година со право на негов откуп за 120 милиони евра.

Една година подоцна, Каталонците ќе се согласат да го ослободат 27-годишниот играч од средниот ред за 90 милиони, но претставниците на фудбалерот и раководството на Барса веќе се свесни за одлуката на Баварците да се разделат со играчот, објави „Диарио Спорт“.

Каталонците би сакале да го продадат фудбалер, но никој не е подготвен да понуди 90 милиони за него. Затоа, во текот на летото на Барселона ќе се согласи повторно да го ослободи Кутињо за изнајмување за сезоната со право на купување.

Веројатно е дека играчот од средниот ред ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата, каде играше за Ливерпул пред да се пресели во Барселона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025