Утрински Весник
Спорт

Баерн е во напредна фаза на преговори за продолжување на договорот со Алаба

Алаба ја одби понудата на Манчестер сити, бидејќи сака да се пресели во Шпанија

Минхен, 28 мај 2020 (МИА) – Баерн Минхен е пред продолжување на договорот со дефанзивецот Давид Алаба, пренесува новинарот Николо Скира.

Според изворот, клубот од Минхен му нуди на 27-годишниот Австриец договор до крајот на јуни 2024 година. Тековниот договор на Алаба со Баварија завршува на крајот на јуни 2021 година.

Претходно беше објавено дека Интер и Реал се заинтересирани за фудбалерот.

Алаба има еден гол и две асистенции на 31 натпревар за Баерн во сезоната 2019/20. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува Австриецот на 52 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот