Утрински Весник
Свет

Баварија ги заостри мерките во борбата против коронавирусот

Германците загрижени поради коронавирусот: Поопасно е отколку што мислевме

Во Баварија стапија на сила заострените мерки во борбата против коронавирусот.

Во сојузната покраина Баварија, напуштањето на домот е дозволено само од оправдана причина, вклучително и купување намирници или лекови, одење на лекар или на работа, посета на роднини, но и одење на миса.

Во некои области воведена е и забрана за движење од 21 до 5 часот наутро.

Владата на Германија соопшти дека ќе им обезбеди бесплатни заштитни маски на граѓаните постари од 60 години.

Маските ќе се подигнуваат во аптеките со посебни ваучери.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk