Утрински Весник
Економија

А1 Македонија отвори виртуелна продавница

А1 Македонија отвори виртуелна продавница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Телекомуникациската компанија А1 Македонија денеска ја отвори својата виртуелна продавница, преку која граѓаните ќе можат да ги разгледаат нејзините производи и да  купуваат преку интернет, наместо во продажен салон.

Виртуелната продавница им овозможува на корисниците да разговараат со продажен агент во живо и одблизу да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на прашањата и да купуваат преку интернет.

– Корисниците на A1 „Лајв шоп“ и онлајн каналот ќе добијат и промотивен бенефит од три месеци без претплата за услугата, како и намалени цени за одредени модели на телефони, достапни со специјален попуст. Понудата е промотивна и важи во ограничен временски период, информираат од компанијата. ир/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра