Утрински Весник
Свет

Ајкула нападнала Австријка во Хургада, жената починала во болница

Австријката Елизабет Сквајер (68) била нападната од ајкула на познатото египетско летувалиште Хургада, пишува „Дејли мејл“.

Синоќа жената била префрлена во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, починала.

Жената била мажена за Еѓипќанец и живеела во Хургада, а целиот инцидент се случил во близина на познат хотелски комплекс.

Според пишувањата на „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена на три дена затоа што инцидентот се случил додека на плажата имало голем број посетители.

Можете да прочитате

Жителите на Киев останаа 20 часа без струја на -20 степени

ЕУ забранува уништување на непродадена облека за да ја заштити животната средина

Филмски грабеж на автопат во Италија