Утрински Весник
Спорт

Ајакс го стопи трофејот, подели 42.000 ѕвездички на најверните!

Ајакс го стопи трофејот, подели 42.000 ѕвездички на најверните!

Ајакс од Амстердам секогаш биле посебен клуб, со фантастична школа која постојано произведува фудбалски ѕвезди, а покрај тоа никогаш не забораваат на армијата верни навивачи на „копјаниците“.

Затоа посебниот гест кој го имаат направено со трофејот од Ередивизие, кој го освоија по минатата сезона кога шампионатот беше прекинат не изненадува. Тие го стопија трофејот од Ередивизие, и решија да направат 42.000 ѕвездички кои потоа ги пратија на носителите на сезонски билети, така давајќи им дел од трофејот кој го освоија без нив поради корона вирусот.

Копија на трофејот ќе стои во нивниот богат кабинет со трофеи.

> Ајакс го стопи трофејот, подели 42.000 ѕвездички на најверните! <

Можете да прочитате

Трета европска титула за Данска

Избран „Ол стар тимот“ на Европското првенство – Гидсел со наградата МВП

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска го освои бронзениот медал