Себастијан Але повеќе не е играч на Вест Хем јунајтед. Францускиот напаѓач за сума од 22,5 милиони евра се пресели во Ајакс. Але и Ајкас договриле 18-месечна соработка.
Вест Хем, во јули 2019 година, за Але на Ајнтрахт им платија 50 милиони евра и го урнаа клупскиот рекорд. Сепак, 26-годишниот напаѓач не ги оправда вложените пари. Во Премиер лигата одигра 48 натпревари, постигна 10 гола.
Але, од неколку опции што ги имал, се решил за Ајакс. Тој прифатил значително намалување на плата, само за да може повторно да работи со Ерик Тен Хаг.
Тен Хаг му беше тренер на Але во Утрехт од 2015 до 2017 година.
Вест Хем со заминувањето на Але останаа без класичен напаѓач, бидејќи Антонио е повреден, што значи дека клубот до крајот на преодниот рок ќе мора да донесе голгетер.
> Ајакс го официјализираа трансферот на Але <