Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Овој јубилеј е посветен на следните две децении, кој е подготвен нека се устрои зад мене

Демократската Унија за Интеграција денес во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект. На овој настан, претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети во својот говор целосно го елаборираше успехот на ова дводецениско патување.

Пред присутните се обрати претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети:

“Како денес, пред 20 години се соединија ослободители и слободољубиви, идеалисти и мисионери, миротворци и мирољубиви, интелектуалци и патриоти, се собраа да го основаат нашето заедничко семејство со здрави и стабилни темели, Демократската унија за интеграција. На нашите две децении (постоење) вчера и завчера им се радуваа десетици илјади граѓани на плоштадите во Скопје и Тетово, со силни и издржани причини, затоа што имаат за што да се радуваат и слават. Сите заедно им се радуваат на: МИРОТ,помирувањето,спроведувањето на Охридскиот договор,еднаквоста и правдата,консензуалната демократија,внатрешната, регионална и евро-американска интеграција како и иднината, зелената агенда.”

Ахмети додаде дека мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците. Овие чекори доведоа и до целосна ИНТЕГРАЦИЈА во државата, во општините, во владата, во собранието, во администрацијата, во полицијата од 170 полицајци на над 2.000, во армијата од 65 на над 2.000, во администрацијата од 2% до над 21%, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност.

“Интеграцијата во земјава наметна и регионална интеграција преку нашата политика НУЛА ОТВОРЕНИ СПОРОВИ СО СОСЕДИТЕ и поставување на ЦРВЕНИ ЛИНИИ за нашата партија кои се:Охридскиот Договор,Договорот од Преспа,Договорот за добрососедство.Од овие црвени линии BРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА и кој сака да биде партнер со нас, мора да ги почитува овие принципи.Овде сакам да го поздравам и признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, со која затвори уште еден важен спор за нашата земја.”,изјави Ахмети.

Тој се осврна и на проблемот со Бугарија и истакна дека мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани. Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет.

Ахмети наведе дека денес целиот свет е во неизвесност, економијата е загрозена, животот е ранлив. Гледајќи ги тажните сцени што ги остава војната, се чувствувам разочаран од неодговорноста на рускиот народ, на неиспровоцираните и неразумни руски злосторства и агресија во Украина.

Ахмети ги повика сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки.

Тот порача на меѓународната заедница, другите заедници во земјата и политичките партии во земјата, (и им велам) дека во Демократската унија за интеграција ќе продолжите да имате лојален партнер, со збор и со дело, во идеалите и вредностите, фронтмен во гореспоменатите битки.

“Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се устрои зад мене” изјави Ахмети.

Можете да прочитате

Сеизмолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси

Сашо и Владимир Мијалкови одликувани со орденот „Свети Николај“ 

Ахмети: Доколку загубам на изборите, ќе се повлечам од политиката