Утрински Весник
Политички Партии

Ахмети на средба со германска делегација: ДУИ со над 90 отсто нови кандидати за пратеници на овие избори

Ахмети на средба со германска делегација: ДУИ со над 90 отсто нови кандидати за пратеници на овие избори

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, ветингот, владеењето на правото и неселективната правда, интеграцијата, работните места, развојот и младите, се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети со специјален претставник на германското Министертсво за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЦЕФТА, Сузане Шутц и амбасадорот на Германија во Скопје, Томас Герберих.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети на средбата истакнал дека и листите за пратеници ќе бидат со повеќе од 90 отсто нови кандидати, што прв пат ќе се тркат на парламентарни избори.

– Германската помош не отсуствуваше за нашата земја и регионот и за ова сме многу благодарни, сега очекуваме заокружување за датумот за отпочнување на преговорите со Европската Унија во март. Германија го поддржува отворањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во Европска Унија, истакнат Ахмети на средбата.

Претседателот Ахмети оценил дека во нашата земја гласачите се уште гласаат според етничка определба.

ДУИ работи, како што се посочува во партиското соопштение, за добивање на довербата од граѓаните и за да продолжи со напорите за побезбедна иднина, развој, работни места, квалитет на живот, младите и неселективна правда.

– Гостите од Германија се интересираа за длабоките реформи во ДУИ, при што

Ахмети истакна дека целиот Форум на млади  и Форумот на жени се
100 отсто нови, скоро 100 отсто од претседателите на ограноците и на месните
совети повеќе од 70 отсто на членовите од Централниот  совет се нови, повеќе
од 40 отсто жени во сите партиски органи, заедно со Секретарот за еднакви
можности, така што ДУИ се реформираше целосно, се вели во соопштението. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт