Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ахмети на средба со амбасадорката Брнс: Америка останува нашиот најсилен сојузник

Ахмети на средба со амбасадорката Брнс: Америка останува нашиот најсилен сојузник
Img 7972

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс.

„Ахмети и пренесе на амбасадорката Барнс дека успешната соработка со Соединетите Држави ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на заедничките цели со Република Северна Македонија. Во оваа прилика, Ахмети и се заблагодари на амбасадорката Брнс за медицинската помош што САД и ја доделија на Северна Македонија за да се справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од КОВИД-19“, соопштија од ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Ахмети и американската амбасадорка Брнс, исто така, разговарале и за достигнувањата на Република Северна Македонија во евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија, како и патот на земјата кон ЕУ.

„Претседателот Ахмети го поздрави и договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето на Хезболах како терористичка организација. На крајот на овој состанок, амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите непристрасно и независно“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ