Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – На средба со жители од Општина Сарај, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети го претстави Насер Зибери, кандидатот што го номинираше партијата, за прв премиер Албанец, на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.
Во неговиот говор тој истакна дека и регионот се тресе поради оваа идеја бидејќи, како што вели, две недели во континуитет се зборува во домашните медиуми, но и на тие од регионот.
– Ми поставија прашање новинарите, зошто сега е идејата за Премиер Албанец? Им одговорив, зошто не сега! Повелете, одговорете ми сега мене! Дали заштитници на ова земја се само Зоран и Христијан, но не и Насер? Ако ги отвориме подобро документите, подобро да не ја отвориме ова тема затоа што не се знае кој ќе биде најстароседелец. Ме разочараа затоа што се брзаа и негираа дека не може да стане Албанец премиер во ова држава, навистина се разочарав, се уште не се сменети, се уште имаат предрасуди дека само тие се сопственици на ова држава. Тие се млади и јас ќе ги потсетам да ги прашаат нивните предци кои беа вклучени во политиката, како поминале со математиката и со нас Албанците. Овие прашања не се играчка и ние со чувствата на граѓаните, особено на Албанците не се шегуваме. Зошто толку многу се брзаа, ова е разочарувачки, наместо да ја поздравуваат, ова е храбра, корисна идеја не само за земјата, туку и за регионот и за Европа затоа што придонесува во движењето на лојалноста на Албанците кон државата. Оваа држава има потреба од лојалност на сите страни, особено на двете поголеми заедници кои живеат тука и се носители на одговорноста на албанскиот и македонскиот интегритетот и суверенитет, истакна Ахмети.
Тој меѓу другото рече дека мисијата и идеалите се незаменливи и затоа според него имало многу можности да излезе кандидат од партиските редови, но целта била да се даде порака дека Албанците се единствени.
– Ние застанавме позади идејата и идеите се бесмртни, тие можат да се напаѓаат за одредено време, може да не триумфираат од разните напади, но нема сила што може да ги порази. Ние идејата ја предложивме 2009 година и топката пукна после единаесет години, во 2020 година. Ние сакавме кандидат Албанец кој што е докажан, кој имал искуство како што е кандидатот Насер Зибери, кој бил дел од државните институции. Нема да паднеме во замката на скептиците и на злонамерните. Ние навистина бевме за консензуален претседател, како и оваа идеја, ја поставивме тука и ја реализиравме. Но, овој претседател кој се натпреваруваше пред пет години не победи, но сега кога се натпреваруваше на избори со нашата поддршка победи и сега е на таа функција. Сакавме да дадеме порака за нашите сограѓани дека ова земја оди напред обединета. Петнаесетти јули не е далеку, а на 16 јули, кој сака да разговара ние сме тука, „повелете“, истакна на крај претседателот на ДУИ. мс/ац/