Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозиираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна,вели Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“.
„Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините не се пожалила на проблеми во водоснабдувањето. Од денеска и ТЕЦ Осломеј прекинува со работа. Така што цело лето, до есен, 135 литри вода во секунда ќе бидат дополнително пренаменети за другите општини приклучени на регионалниот водовод“, порачuуваа Урим Ахмеди.
Според Скада системот на ова претпријатие, последниве денови дарежливоста на изворот е над 1,000 литри во секунда. Од нив околу 195 одат за општина Кичево, 356 доаѓаат на Барбарас, од нив 247 литри доаѓаат во Прилеп, а останатите во општина Долнени. Општина Крушево користи 35 литри во секунда, но, тоа се количества вода кои се собираат во резервоарот во текот на ноќта, за да може преку ден да им се овозможи нормално водоснабдување на жителите. Општина Македонски Брод користи 13.5 л/сек, а општина Пласница со 4 населени места преку 35л/секунда.
„Освен со мали пропусти на Општина Кичево и Општина Долнени, кои имаат одредени обврски за минатата година, сите други корисници на услугите на ЈПВ „Студенчица“, ги плаќаат редовно сметките. Затоа има и непречно водоснабдување“, додава директорот Ахмеди.
Тој вели дека овие три месеци, од дел од корисници добил известувања дека реализацијата на наплатата на сметките за вода по општини е намалена, поради последиците од пандемијата на ковид-19.
Директорот Ахмеди верува дека сите општини корисници и натаму ќе ги намируваат редовно обврските кон републичкото водостопанско претпријатие и дека водоснавдувањето ќе биде непречено. Ахмеди е катерогичен дека со примена на Скада системот се води целосна контрола врз секој литар вода – и, како што вели, кражби на вода по селата повеќе нема!