Утрински Весник
Економија

АХВ: Одгледувачите да ги вакцинираат живината и гулабите од болеста „њукастел“

АХВ: Одгледувачите да ги вакцинираат живината и гулабите од болеста „њукастел“

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на живина на целата територија на државава да ја исполнат законската обврска и согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, да се обратат до најблиското ветеринарно друштво и да ја вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел.

-Болеста не е зооноза, односно од неа човекот не може да заболи, но, е високосмртоносна за живината и предизвикува големи економски штети во живинарството, наведуваат од АХВ во соопштението.

Појснуваат дека ирусот на оваа болест беше лабораториски  потврден во почетокот на април во одгледувалиште за бројлери во скопската општина Гази Баба, по што Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за спроведување сет безбедносни мерки за спречување на ширењето на болеста.

Заради заштита од евентуално ширење на вирусот преку месото, од пазарот повлечени и уништени беа количните месо кои пред детектирањето на болеста биле дистрибуирани во продажба.скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, велат мелничарите

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот