Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Во насока на почитување на препораките на Владата за превенција и спречување на ширењето на КОВИД-19, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите.
Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.
-Сите странки кои имаат потреба за контакт со АХВ, тоа можат да го сторат на телефонскиот број 02 2457 895 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот и преку електронското сандаче info@fva.gov.mk. Им препорачуваме на сите корисници на услугите кои имаат потреба од достава на документи за мислење, да ги пратат во скенирана форма по електронски пат до релевантните сектори во нашата институција. Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата и да сториме сé што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД-19 во државава, соопштува Агенцијата. мч/са/