Казабланка, 3 јуни 2020 (/) – Африка, според многумина, е најфасцинантниот континент на планетата. Секоја држава има своја уникатна култура, живописни градови, пајзажи… Следува список на пет земји што вреди да се посетат.
Сејшели
Овие острови, кои се наоѓаат во Индискиот Океан, важат за една од најживописните дестинации во светот. Прошарени со прекрасни плажи, планини и бујни дождовни шуми, Сејшелите се, исто така, дом на уникатна фауна и флора. На најголемиот остров Мае може да најдете и многу луксузни одморалишта, барови и ресторани.
Мароко
Богатото природно и историско-културно наследство го прави Мароко една од најпопуларните туристички дестинации во северозападна Африка, но и во светот.
Република Јужна Африка
Сместена на најјужниот крај на Африка, Јужна Африка е совршена за секој што бара авантура во природа. Националните паркови, резерватите за рекреација, националните јадења, како и живите, раздвижени градови ќе направат човек да посака никогаш да не ја напушти оваа земја.
Намибија
Оваа држава во јужниот дел од континентот е уште една убава африканска земја исполнета со диви пејзажи. Повеќето туристи ја посетуваат Намибија поради прекрасните предели и неоткриените скапоцени камења што чекаат да бидат најдени.
Кенија
Сафарито, можноста да се видат толку многу диви животни одблизу, како и пејзажите и етнојазичната разноликост, носат милиони туристи од целиот свет во оваа источноафриканска држава. си/сд/