Утрински Весник
Свет

Африка излегува од пандемијата на Ковид-19

Африка излегува од пандемијата на Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Африка излегува од пандемија на коронавирус и се движи кон фаза во која ќе може долгорочно да управува со коронавирусот.

Водачот на СЗО за Африка, Матшидисо Моети рече дека пандемијата влегува во друга фаза.

Имено, таа смета дека бројот на заболени на овој континент е седум пати поголем од регистрираниот, а дека бројот на починати е и до три пати поголем од регистрираниот.

Таа нагласи дека тоа се должи на проблеми со тестирањето, што се одрази на релативно официјалниот релативно мал број на заразени и починати.

Ова беше причина да се добие впечаток дека Африка не е многу погодена од пандемијата.

Според Универзитетот Џон Хопкинс, до вчера, 10 февруари, во овој дел од светот се регистрирани 11 милиони луѓе кои биле заразени со коронавирус, а 250.000 починале.

Сепак, СЗО проценува дека 70 милиони луѓе биле заразени, а 750.000 починале.

Во прилог на оваа проценка се и резултатите од неколку студии кои укажуваат дека овие бројки не се повисоки од официјалните само во Африка, туку и во остатокот од светот.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична