Утрински Весник
Спорт

Атлетико веќе не се интересира за Кавани

ПСЖ нема разговарано со Кавани за продолжување на договорот

Мадрид, 30 јуни 2020 (МИА) – Атлетико Мадрид повеќе не го интересира уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани. Ова го пренесуваат шпанските медиуми. Денес завршува договорот на играчот со ПСЖ, по што тој ќе стане слободен агент.

Според „АС“, овој пат „јорганџиите“ не размислуваат за негов ангажман.

Уругваецот беше главната цел на Атлетико во зимскиот преоден рок, но се соочи со многу високи финансиски барања од агентот и негов брат.

Сега главниот кандидат за нов клуб на фудбалерот е Рома. За него исто така е заинтересиран и Интер.

Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Кавани настапи на 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум голови и забележа три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство