Утрински Весник
Свет

Атина ќе поднесе протест до Белград зашто не била информирана за товарот на авионот што се урна во Грција

Dik 300x250 mk

Атина најави дека ќе поднесе протест бидејќи претходно требало да добие информација од Белград за карактерот на товарот на украинскиот авион Антонов Ан-12БК, кој летал од Србија и се урна во саботата во областа Кавала, пренесува Катимерини, повикувајќи се на дипломатски извори.

dobivaj vesti na viber

Наведено е дека по наредба на министерот за надворешни работи Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Србија ќе го достави соодветниот демарш, во врска со потребата Белград да ја информира грчката страна за карактерот на товарот на авионот.

Забележано е дека во првите часови по падот на Антонов имало конфузија и околу товарот на авионот и околу неговата крајна дестинација, пишува грчкиот весник.

Поради тоа, областа околу местото на несреќата била евакуирана неколку часа, а работата на противпожарната служба била прекината поради стравувањата дека авионот превезувал опасен товар.

Посебна загриженост беше непознатата бела супстанца пронајдена околу украинскиот товарен авион Антонов Ан-12БК, а грчките воени и полициски претставници изјавија дека е можно белиот прав да потекнува од три извори (или некои од нив) и не претставува никаков ризик.

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ вчера изјави дека товарот на авионот е произведен од српската одбранбена индустрија.

Авионот полетал од Ниш во Србија во саботата, а купувач на товарот е Министерството за одбрана на Бангладеш.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил