Утрински Весник
Спорт

„АС“: Роналдо се сели во ПСЖ за 30 милиони евра!

„АС“: Роналдо се сели во ПСЖ за 30 милиони евра!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри не смета на услугите на Португалецот Кристијано Роналдо, па најскапиот играч на „Старата дама“ ќе ја промени средината, пишува шпански „АС“.

Според информациите од Шпанија, португалскиот ас би требало во Париз да премине за 30 милиони евра, за четирипати помал сума од онаа за која Реал го замени со Јувентус.

Се напоменува дека ПСЖ може да побара Роналдо да дојде на „Паркот на принцовите“ со замена, Икарди плус пари.

„АС“ пишува дека и желбата на португалскиот ас е да игра покрај Нејмар и Мбапе, но тука влијание има и маркетингот – ПСЖ и Роналдо имаат ист производител на опрема.

Роналдо за три сезони во Торино на 133 меча постигна 101 гол, а освои се освен ЛШ.

> „АС“: Роналдо се сели во ПСЖ за 30 милиони евра! <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028