Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„АС“: Левандовски сака да си оди од Баерн, и тоа во Реал

„АС“: Левандовски сака да си оди од Баерн, и тоа во Реал
Img 7972

Фудбалерот на Баерн Минхен кој, според многумина, неправедно, беше изоставен од наградата Златна топка, Полјакот Роберт Левандовски (33) по 11 години поминати во Бундеслигата е близу до заминување.

Најдобриот стрелец во сите лиги за минатата сезона побарал од својот менаџер Пиниха Захави да го носи во Реал Мадрид, пишува угледниот шпански „АС“.

За Левандовски уште од порано постоеше приказна дека сака по секоја цена сака да ја промени средината и пред крај на кариерата да заигра во некоја од другите лиги, освен во Бундеслигата.

Полскиот голгетер уште од 2010 година е во Германија. Од тимот на Лех премина во Борусија Дортмунд, а 4 години подоцна премина во Баерн.

За Баварците има одиграно 349 меча со учинок од 319 гола и 67 асистенции.

> „АС“: Левандовски сака да си оди од Баерн, и тоа во Реал <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона