Утрински Весник
Македонија

Асфалтирање на главната улица во Криви Дол

Асфалтирање на главната улица во Криви Дол

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) –  Од Општина Карпош соопштија дека е започнато поставувањето на последниот асфалтен слој на улицата „Новопланирана“ 4А, во населеното место Криви Дол.

– На терен, работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои во текот на денешниот ден ќе завршат со реконструкцијата. Улицата е во должина од 370 метри и истата повеќе години беше во руинирана состојба. Оваа сообраќајница претставува пристап за поголем број на домаќинства и со обновата ќе се зголеми безбедноста за жителите од оваа населба, наведоа од Општина Карпош. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни