Утрински Весник
Свет

„Астра Зенека“ повторно нема да ја испорача договорената доза вакцини во ЕУ

„Астра Зенека“ повторно нема да ја испорача договорената доза вакцини во ЕУ
300x250 (7)

Компанијата „Астра зенека“ ѝ соопшти на Европската Унија дека во вториот квартал ќе достави помалку од 90 милиони дози од вакцината против коронавирусот. Тоа значи дека „Астра зенека“ ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини за набавка на ЕУ во вториот квартал.

Според договорот, компанијата се обврза да испорача 180 милиони дози.

Ss1

Доколку се намалат дозите на вакцините, ова може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање 70 % од возрасните до летото.

Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека „Астра зенека“ планира да испорача приближно 40 милиони дози во првиот квартал, што е повторно помалку од половина од 90 милиони дози што требаше да ги испорача.

Портпаролот на компанијата изјави дека се надеваат оти ќе може подобро да ги усогласат испораките со договорот за набавка на авазивна вакцина.

Европската комисија, која ги координира преговорите со производителите на вакцини, одби да ги коментира податоците.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик поднесе оставка заради несогласување со војната во Газа

„Глаксо Смит Клајн“ поднесе тужба против Фајзер и БиоНТек

Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа