Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Ар Кели сака вината да ја префрли врз моите родители, тврди сведок

Ар Кели сака вината да ја префрли врз моите родители, тврди сведок
Dik 300x250 mk

Адвокатот на Ар Кели во средата се обиде да ги поткопа тврдењата на една жена која го обвинува аренби пејачот за сексуална злоупотреба, презентирајќи писма што им ги напишала на членови на смејството, а во кои ги обвинила своите родители дека ја продале.

Адвокатот Девроу Кеник ја замоли жената, позната на клупата за сведоци како Џејн, да прочита писма во кои таа вели дека родителите ѝ предложиле да го лаже Кели за својата возраст и дека тие се обидувале да профитираат од нејзината врска со него.

Во писмо до нејзиниот брат, без датум, Џејн вели дека мајка им ќе ја натера да направи фотографии и видеа од неа и Кели, за да може да го уценува. Исто така, ја советува да се облекува провокативно за пејачот.

Џејн (23) им рече на обвинителите дека Кели (54) ги принудувал неа и други млади жени да ги пишуваат писмата за да го заштитат од можни правни проблеми.

„Обвинетиот ни кажуваше што точно да напишеме“, сведочеше Џејн на судењето на Кели во федералниот суд во Бруклин.

Кели, познат по песната I Believe I Can Fly која освои „Греми“, се изјасни дека не е виновен по обвинението дека водел децениска рекетарска шема во која злоупотребувал шест жени и малолетнички, вклучувајќи ја и Џејн и покојната пејачка Алија која тогаш имала 15 години.

Неколку фанови на Кели се собраа пред зградата на судот во средата (25 август) за да изразат поддршка. Натписи Free R Kelly беа испишани со креда на тротоарот во близина.

Пејачот, обвинет за сексуален напад, рекет и поткуп, а постојано ги негира овие обвинувања, се соочува со доживотен затвор доколку судот го прогласи за виновен.

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него