Од денеска, Археолошкиот музеј започнува со проектот #МузејскаЕдукација преку цртежи.
„Преку оваа активност децата, цртајќи ги музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ги охрабруваме и возрасните да се приклучат во овој креативен проект и да ги споделуваат со нас нацртаните цртежи“, велат од музејот.
Оттаму посочуваат дека секој кој ќе се вклучи во овој проект потребно е да ги сподели цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и да го тагне профилот на музејот.
„Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нашето едукативно катче, а за возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба“, додаваат од музејот.
Музејските предмети ќе ги споделуваат на нивните социјални профили на Фејсбук и Инстаграм.