Утрински Весник
Спорт

Артур не планира да ја заврши сезоната во Барселона

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Барселона, 28 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артур, кој минува на лекарско испитување во Јувентус, не сака да ја заврши сезоната во каталонскиот клуб, пренесува „sport.es“.

Според шпанскиот портал, 23-годишниот Бразилец е незадоволен од клубот и тренерот Кике Сетиен.

Се очекува Артур да се пресели во Јувентус во замена за играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ, а Каталонците ќе платат дополнителни 10 милиони евра.

Оваа сезона Артур мина 27 натпревари за Барселона и постигна четири гола и четири асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство