Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, прв пат се огласи во јавноста по заминувањето на Месут Озил. Шпанецот смета дека спогодбениот раскин на договор бил најдобра опција за фудбалерот и клубот. Озил, кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.
Десет месеци, Озил, беше во немилост кај тренерот Артета, кој на почетокот на новата сезона не го пријави за настап во Премиер лигата и Лига Европа. Јасно е дека по седум и пол години и четири освоени трофеи во ФА купот, разделбата на Озил со клубот не беше пријателска.
„Од многу причини ситуацијата беше тешка. Позната е историјата на неговиот случај. Како почна и како се одвиваше. Тој беше исклучително важен играч за Арсенал, играч со големо влијание, но не играше и не беше со тимот. Тоа беше тешко за двете страни. Сакаша да игра, а ние не можевме да му го овозможиме тоа. Само на ваков начин можеше да биде решена целата ситуација“, рекол Артета.
Фенербахче е петтиот клуб во кариерата на Озил. Светскиот првак со Германија, претходно настапуваше за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.
> Артета за Озил: Беше важен играч за Арсенал, но не играше <