Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Смена на Мицкоски бараат луѓе кои се неславен багаж во ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Арсовски: Зоран и Вице Заеви фатени во рекет афера од 6 милиони евра

Овие луѓе кои бараат смена на Христијан Мицкоски се всушност неславниот багаж кој ВМРО-ДПМНЕ го влечеше како тег во пропаст, а потајно се молеа и работеа да победи СДСМ и на референдумот и на изборите, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Неговата реакција следи откако утрово ексградоначалникот на општина Аеродром и партиски член, Ивица Конески повика на промени во партијата.

Арсовски го нарече Коневски – печалбар, наведувајќи дека очигледно адвокатурата му оди толку лошо, па сега има желба да менува професија и да се враќа во политика, каде што пак последните години од кариерата му оделе уште полошо од адвокатурата.

„Сметам јас, а и целото членство, дека е време тој багаж да се истовари, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од тие ликови кои кога велат промени, мислат на тоа – тие да ја управуваат партијата која и тогаш и сега ја гледаат како ДООЕЛ за пари и бизнис. А, слушам веќе и функции си поделиле, па Ивица ќе бил секретар. Добра е таа ментална гимнастика на илузијата за која треба да знаат дека домашниот есап и тој на пазар никогаш не излегува. Знаете зошто? Затоа што ВМРО е на народот, на членовите кои се со нејзе и при сите подеми и при сите падови.
А, сите оние кои ги полнат провладините медиуми со усти полни со омраза кон ВМРО, а во исто време повикуваат на единство во време кога ВМРО-ДПМНЕ се труди да состави Влада, всушност имаат за задача да му помогнат на Заев“, вели Арсовски.

Понатаму отвора сомнеж дека е чудно тоа што Коневски, но и сите други зад кои се провлекуваат афери и скандали немаат проблем со законот и ниту една кривична пријава.

„Нели е чудно што човекот што го викаат ‘комшијата’ во Аеродром го нема 3 години да каже збор против Зоран Заев и Златко Марин, а денес тера филозофски расправи за ВМРО-ДПМНЕ? Тежината на Ивица Коневски се виде на изборите во 2017, односно “тежи” минус 4.000 гласови. Среќа не работеше во кампања сега, па работите дојдоа на свое место и општина Аеродром со сите населби повторно е победничка и бастион. За на крај, сите овие луѓе кои се дел од багажот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе го остави зад себе. Од тој момент потоа, тој му припаѓа на Заев. П.С. Заев, со среќа да си го носиш багажот“, вели Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада