Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Кој е одговорот на Заев и Владата по вчерашниот ултиматум од Софија?

(Видео) Арсовски: Дали владата на Заев се откажа од македонските херои кои се темел на државноста?

Опозицијата прашува кој е одговорот на премиерот Зоран Заев и Владата по вчерашниот ултиматум од Софија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека крајно потценувачки и навредувачки се изјавите на бугарскиот министер Каракачанов во однос на Гоце Делчев и историјата на Република Македонија, како и тоа што бугарската страна дава рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигрува со чувствата на граѓаните. Уште попотценувачки, според ВМРО-ДПМНЕ и е што сеуште нема реакција од страна на МНР на Република Македонија, како и од реакција од Владата за ставовите изнесени од Каракачанов.

„Ја повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија, имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во Парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и конечно да не си поигруваат со судбината на граѓаните заради нивните лажни ветувања кои ги давале при преговарање претходно. Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега?“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

Според опозициската партија, единственото решение е Влада за национален спас.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје