Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовски: Додека владата на СДСМ молчи на бугарските провокации, поскапуваат струјата, горивото

Арсовски: Додека владата на СДСМ молчи на бугарските провокации, поскапуваат струјата, горивото
Img 7972

Веројатно „пазарџиството” по кое е познат Зоран Заев ја зарази и бугарската политичка сцена, па така ќе добиеме би рекол непристојни понуди, од Слави Трифонов кој ќе се обиде да прави трговија на Бугарија за нешто што ним им е потребно како држава, и сето тоа на грбот на македонските граѓани, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска си изјавите на Слави Трифонов поврзани со спорот на Бугарија со Македонија.

Арсовски истакна дека „кога Бугарите нашле Влада која молчи на секоја нивна провокација, тоа станува нормално однесување, но она што не е нормално е тоа што владата во Македонија предводена од СДСМ продолжува да глуми нормалност, а молчењето значи одобрување, но одобрување само од нивна страна, а не од јавноста“.

„И додека владата на СДСМ молчи на новите пазарења со Бугарија факти кои се случија во меѓувреме се дека најпрвин поскапе струјата за над 15 проценти, потоа ја укинаа евтината тарифа, кои сами ја воведоа, метанот кој го рекламираа за најеколошки го поскапеа за 120 проценти и поскапеа одново горивата за граѓаните, а од акцизата власта не се откажува се уште и дополнително можеби се уште ќе ја зголемува“, посочи Арсовски.

Арсовски истакна дека како петта работа која што се случува во моментов додека владата на СДСМ молчи на бугарските провокации е тоа што се појави ново сведоштво, дека парите од рекетот, како што рече, завршиле во Струмица.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?