Утрински Весник
Политички Партии

Арсовски: Граѓаните да ги почитуваат мерките и сами да се штитат од коронавирусот

Прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ за ДУП-от во Трнодол

 

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат неопходните мерки за заштита од коронавирусот и да се чуваат самите, бидејќи, според него, оваа Влада нема компас и не знае кај тера и не може да ги заштити граѓаните.

– Во моментов изгубија компас и гледаме дека воведуваат полициски час во Скопје и во други општини низ Македонија, а на пример не воведуваат полициски час во Велес, Крива Паланка или кој било друг град. Очигледно е дека е загубен компасот и дека не ја сфаќаме поентата на овие мерки кои што ги носат. Она што можеме да го искоментираме е дека наместо да се фокусира власта од страна на Венко Филипче, Зоран Заев па и политичарот во обид Караџовски, кој што е партиски на позицијата претседател на Комисијата за заразни болести во Кризниот штаб, гледаме дека денеска има експлозија на новозаразени, рече Арсовски.

Според него, на Заев, Филипче и Караџовски „им е битна единствено фотељата и ништо друго“. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт