Утрински Весник
Македонија

Арсовска со тимови од Град Скопје и јавните претпријатија на состанок во Општина Кисела Вода

Арсовска со тимови од Град Скопје и Јавните претпријатија на состанок во Општина Кисела Вода

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и претставниците на урбаните и руралните месни заедници од општина Кисела Вода, денеска одржа координативен состанок. Пред претставниците на секторите од Градот и јавните претпријатија се презентираа и се разговараше за предизвиците во општина Кисела Вода и за понатамошни активности за нивно решавање.

Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија што се под надлежност на Градот, веќе ги почнаа теренските активности за целосна процена на состојбата со заборавените населби во општина Кисела Вода, која ја сочинуваат 15 месни и урбани заедници, од кои девет урбани и шест рурални населени места. Континуирано се спроведуваат средби со граѓани, се врши процена на затекнатата состојба и се работи на изготвување акциски план со проекти што Градот ќе ги имплементира во овие заборавени населби.

Град Скопје заедно со теренските тимови изготви извештај на детектирани проблеми за решавање во урбаните и месните заедници на територијата на општина Кисела Вода, според кој повеќето од проблемите се однесуваат на решавање инфраструктурни проблеми, реконструкција и асфалтирање улици, поставување нови автобуски постројки и воведување дополнителни линии за автобуско обраќање, изградба на дополнителна мрежа за водовод и изградба на атмосферска канализација во одредени населени места, како и одржување на зеленилото и поставување корпи за отпадоци и контејнери во повеќе урбани и рурални места во општина Кисела Вода.

Скопје и скопјани заслужуваат еднаков третман и посветеност во работењето на градската администрација и јавните претпријатија. Во Скопје повеќе нема да има заборавени населби, а Град Скопје ќе почне со имплементација на проекти во секое населено место, со што ќе се овозможи еднаков брз и рамномерен раст и развој за сите општини и населени места во нив.

Можете да прочитате

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда