Утрински Весник
Македонија

Арсовска потпиша Меморандум со УСАИД за подобрено буџетирање на општините

Арсовска потпиша Меморандум со УСАИД за подобрено буџетирање на општините

На денешниот настан по повод потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Градот Скопје и Агенцијата на САД за меѓународен развој, за проектот за воспоставување ново партнерство и овозможување подобро општинско буџетирање, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека оваа соработка е значајна за да се зајакне одржливоста на локалните самоуправи.

„Како претседателка на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје, во континуитет се залагам за создавање поефикасни и поефективни институции на локално ниво, но мора и да се потенцира потребата од континуиран развој на политиките кои се воспоставуваат на национално ниво, со цел градење подобра соработка меѓу институциите од националната и локалната власт, како и за зајакнување на ефективноста и транспарентноста во работењето на општините“, посочи Арсовска.

„Верувам дека со овој меморандум за соработка, заедно ќе овозможиме подобрување на функционалноста на локалната даночна администрација и зголемување на наплатата на приходите од сопствени извори. Ова е од особена важност за одржлив и инклузивен општествен и локален економски развој, но и чекор кон зголемување на општествената одговорност на сите општествените чинители“, додаде скопската градоначалничка.

Можете да прочитате

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите

Од утре нов раст на температурите

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата