Утрински Весник
Економија

Арсовска-Муржицки: Македонско-Чешката трговска размена има огромен потенцијал за раст

Арсовска-Муржицки: Македонско-Чешката трговска размена има огромен потенцијал за раст

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во Македонско-Чешкиот бизнис форум кој се одржа денеска во Скопје.

Во рамки на форумот Арсовска имаше билатерална средба со заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки на која се договорија конкретни чекори и активности за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

Арсовска во своето обраќање ја потенцираше одличната соработка која македонските компании ја имаат со компаниите од Р. Чешка, која е во топ 20 трговски партнери на Македонија. Таа додаде дека ова е одлична можност за вмрежување на компаниите, како и дека Градот Скопје става на располагање поддршка на компаниите кои се заинтересирани за инвестиции во Скопје.

На бизнис форумот свои обраќања имаа и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки, амбасадорот на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва, како и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Можете да прочитате

Трипуновски: Маркетите веќе поставуваат ознаки за домашните производи, во тек и регистрација на платформата makedonskonajdobro.mk

Намалена вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство

Ристески: Утре започнува втората „Училишна кошница“, очекувам заштеда за семејствата од 800 до 2.000 денари од ученик