Утрински Весник
Спорт

Арсенал не му дадоа договор на синот на Бергкамп

Арсенал не му дадоа договор на синот на Бергкамп

Мичел Бергкамп, синот на легендата на Арсенал, Денис Бергкамп, нема да добие договор од „топчиите“ откако помина една недела на проба во „Лондон Колни“ центарот на тимот.

Фудбалерот од средниот ред беше без договор откако во текот на летото замина од холандскиот клуб Алмере сити, каде што беше дел од младинската академија и работеше една недела со У-23 тимот на Арсенал, предводен од Стив Булд.

Младиот Бергкамп порасна во Лондон и беше на теренот кога неговиот татко го одигра прошталниот меч против Ајакс во 2006 година, меч кој официјално го отвори новиот стадион „Емирати“.

„Мојот татко играше и за Интер и Ајакс, два прекрасни клубови, но во Арсенал се чувствувам како дома. Би сакал да играм на стариот ‘Хајбери’ бидејќи уште се сеќавам“, изјави тој неодамна.

Таткото на 22-годишниот фудбалер, Денис Бергкамп одигра 423 меча за Арсенал во 11 години од 1995 до 2006. 51-годишниот Холанѓанец постигна 120 гола за „топчиите“ освојувајќи три титули од Премиер лигата.

> Арсенал не му дадоа договор на синот на Бергкамп <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење