Утрински Весник
Македонија

Армијата се враќа на јужната и северната граница

Армијата се враќа на јужната и северната граница

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за повторно ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница.

Ова следи по вчерашната одлука на владината седница за постоење на кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија.

Вчера пратениците во Собранието не донесоа одлука за продолжување на кризната состојба, по што Пендаровки мораше да ја повлече војската од границите. Неколку часа подоцна, на владина одлука се утврди постоење на кризна состојба на границите.

Можете да прочитате

ЗНАМ со Димитриевски во Куманово и Лабудовиќ во Центар

Нема кој да оперира на Кардиохирургија – лекари од Словенија ќе доаѓаат во Скопје

Катерина Цаневска носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје