Утрински Весник
Спорт

Аргентина остана без победата во 94.минута, Бразилците газат низ квалификациите

Аргентина остана без победата во 94.минута, Бразилците газат низ квалификациите

Бразил го задржа максималниот ефект во квалификациите за пласман на Светското првенство, додека Аргентина ја испушти победата над Колумбија во 94.минута. Шестото квалификациско коло за пласман на СП во Катар, во јужно-американската зона се одигра изминатата ноќ.

Колумбија имаше кошмарен почеток на дербито против Аргентина. „Гаучосите“ по само осум минути имаа предност од 0:2. Кристијан Ромеро постигна гол во третата,а Леандро Паредес во осмата минута.

Во финишот на првиот дел, голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, поради повреда мораше да го напушти теренот.

Колумбијците го намалија резултатот со голот од пенал што го постигна Луис Мјуриел во 51.минута. Конечните 2:2 ги постави Борха во 94.минута.

Бразилците по шест кола имаа максимални 18 бодови. Нејмар и екипата, славеа победа над Парагвај во Асуснсион од 2:0. Головите за Бразил ги постигнаа Нејмар во третата и Лукас Пакета во 93.минута.



Резултати:

Еквадор-Перу 1:2
Венецуела-Уругвај 0:0
Колумбија-Аргентина 2:2
Парагвај-Бразил 0:2
Чиле-Боливија 1:1

> Аргентина остана без победата во 94.минута, Бразилците газат низ квалификациите <

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја