Утрински Весник
Свет

Апсолвенти од Швајцарија биле на одмор во Хрватска, половина од нив заболеле од Ковид-19

Холандските туристи масовно си заминуваат од Хрватска

Апсолвенти на стручното угостителско училиште во Лозана (ЕХЛ) се вратиле од летување во Хрватска заразени со коронавирус.

Традиција е апсолвентите од ЕХЛ да одат на заедничко патување, а оваа година се одлучиле за Хрватска. По една недела, половина од нив се вратиле дома со коронавирус.

Првиот случај бил утврден веднаш по враќањето на групата од 80 ученици, наведуваат швајцарските медиуми.

Организаторите биле изненадни затоа што, како што рекле, биле почитувани сите протоколи.

„Бевме изолирани во хотелот. Сите простории и еден приватен ресторан беа резервирани само за нас“, соопштиле од ЕХЛ.

Хрватска не се наоѓа на листата на Швајцарија на земји за кои важат предупредување за патување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков