Утрински Весник
Економија

Аплицирањето за новата кредитна линија на Развојна банка – Ковид 3 започнува на 16 декември

Синдикатите бараат јавно да бидат објавени фирмите кои зеле парична помош, а не им ја дале на вработените

Сојузот на стопански комори на Македонија информира дека аплицирањето за новата кредитна линија на Развојна банка – Ковид 3 за дирекно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од кризата почнува на 16 и ќе трае до 30 декември.

На 7 декември Развојната банка го објави јавниот повик за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали трговски друштва, трговци поединци, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) класифицирани согласно Тековна состојба. Кредитот е наменет за обезбедување на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал како и поддршка при реализација на проекти за купување на основни средства во функција на реализација на бизнисот.

Документите за аплицирање се објавени на веб – страницата на Развојна банка, кај јавниот повик во делот Формулари.

Во рамките на повикот е објавено Упатство за аплицирање кое содржи детални информации за постапката за изготвување и поднесување на кредитното барање.

Критериум за одлучување при доделување на средствата ќе биде принципот ,,прв дојден, прв услужен”.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен