Утрински Весник
Македонија

Апликација ќе им кажува на епидемиолозите дали сте биле во контакт со заразен

Апликација ќе им кажува на епидемиолозите дали сте биле во контакт со заразен
Dik 300x250 mk

Апликација која граѓаните ќе можат да ја симнат на своите смартфони, ќе им помогне на епидемиолозите да имаат увид ако сте биле во контакт со заразено лице со корона вирус, најави на брифинг со новинарите министерот Дамјан Манчевски.

– Идејата е дека кога имаме голем број заразени, физички е потешко во реално време да се следат сите контакти, а и прашање е коку се искрени самите луѓе. Затоа развивме апликација, едно технолошко решение кое ќе им ја овозможи таа информација на еидемиолозите. Сакам да напоменам дека ова не треба да предизвика неоправдан страв кај граѓаните за нивните лични податоци – рече министерот.

Како што тој објасни, во моментот кога ќе ја смимнете апликацијата, ви се доделува нов апликациски број, кој нема врска со матичниот број или вашот телефонски број.

Апликацијата работи на тој начин што ќе треба покрај симнувањето, во секое време да ви биде вклучен блутут-от. Апликациските броеви на секој смартфон кој ќе бидат во ваша непосредна близина, ќе бидат регистрирани во вашиот телефон, односно само новогенираните броеви на оние кои биле на растојание од помалку од два метра.

– Овие податоци ќе бидат складирани на вашиот уред и никаде на друго место. Се чуваат снимени 14 дена, по што се бришат. Ако некој се зарази со корона, по барање на Министерството за здравство, се испраќаат апликациските броеви кои се ставаат во централен сервер, па дури тогаш ќе се знае и телефонскиот број на корисникот. Епидемиолозите така ќе знаат со кого се сте биле во контакт во последните 14 дена – објасни Манчевски.

Апликацијата граѓаните ќе можат да ја симнат наскоро.

 

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања