Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли: Долго време сум сама

Анџелина Џоли: Долго време сум сама
Dik 300x250 mk

Анџелина Џоли открива дека ќе биде многу селективна пред повторно да пронајде љубов… среде долга и мачна судска битка за старателство и прилично тежок развод од Бред Пит во 2016 година.

Во текот на интервју за E! News, ја прашаа за можноста да започне нова врска по разделбата со Бред, додека трае правната битка за старателство над нивните деца.

Актерката (45) се пошегува дека е сингл веќе долго време и откри дека нејзините деца ѝ помагаат во самохраното мајчинство.

Анџелина, која со Бред ги дели Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12), рече: „Нема ништо ново на љубовен план. Веќе подолго време сум сама.“

Анџелина, која го промовира својот најнов филм Those Who Wish Me Dead, зборуваше за тоа дека е способна да ги воспитува своите деца како самохрана мајка.

„Имам шест многу способни деца. Кога се будам наутро, првата помисла е да се да се осигурам дека се добро. Најважно е тие да се психички добри,“ рече таа, додавајќи дека се чини како да се смениле улогите во последниве години.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk

Саем за храна во Скопје – уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети

Растенија кои успеваат дури и ако заборавите на нив