Утрински Весник
Сцена

Анѓелка Прпиќ направи музеј од својот дом (видео)

Анѓелка Прпиќ направи музеј од својот дом (видео)

Белград, 2 април 2020 (/) – Глумицата Анѓелка Прпиќ, нам позната по српската хумористична серија „Андреја и Анѓелка“, како и епизодната улога во „Преспав“, во ова време на изолација, од својот дом направи интернет-музеј.

Со тоа, како што самата вели, сакала да го исполни времето и на своето семејство, и на своите обожаватели. Поставката е инспирирана од татко ѝ Владимир Прпиќ, кој се занимава со уметност, а себеси се нарекува „наивниот уметник“.

Проектот е насловен „Наивниот дедо”, а пак, „кустос“ на изложбата е нејзиниот син првоодделенец Јакша оти тој минува најмногу време со својот дедо.

View this post on Instagram

Dobrodošli na virtuelnu izložbu! "NAIVNI DEDA"! Umetnik – VLADIMIR PRPIĆ Kustos – JAKŠA PRPIĆ Posetilac – ANDJELKA PRPIĆ Snimatelj – DARIO PRPIĆ Uživajte

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap) on Mar 31, 2020 at 1:42pm PDT

– Никогаш немаме доволно време за нештата што ги планираме, ги сакаме некако за себе, но и за луѓето околу нас. Па, размислував како би било убаво – на дедото на Јакша, нашиот Владимир, да му организираме изложба, затоа што мислам дека тоа што тој го работи е одлично и професионално, иако сам себе се нарекува „наивен уметник“. Мене ме инспирираа она што сме го виделе во француски Лувр и српскиот Народен музеј. Па, помислив – зошто да не!?, раскажува Анѓелка за српската 1ТВ.

Таа е и продуцент на оваа своевидна интернет-емисија, но и организатор на сѐ што е проследено со тоа.  си/сд/



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка