Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Морав да го гушнам, Лука беше неверојатен

Анчелоти: Морав да го гушнам, Лука беше неверојатен

Реал Мадрид, по само 17.кола направи голем чекор кон освојување на шампионската титула. Реал, со победата над Атлетико (2:0), стекна предност од 13 поени во однос на актуелниот шампион.

Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, покрај стрелците на головите, Бензема и Ансенсио и голманот Куртоа кој имаше неколку брилијантни интервенции, го обележа Лука Модриќ.

„Морав да го гушнам и да му честитам беше извонреден. Неговата игра беше неверојатна“, рекол по мечот тренрот на Реал, Карло Анчелоти.

Тренерот Анчелоти се залага Модриќ да го продолжи договорот и да остане во клубот до 2023 година.

> Анчелоти: Морав да го гушнам, Лука беше неверојатен <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0