Утрински Весник
Свет

Антонов: Американските санкции кон Русија ќе влијаат и на американските граѓани

Антонов: Американските санкции кон Русија ќе влијаат и на американските граѓани

Санкциите против Русија што ги објави американската администрација тешко дека ќе ги погодат светските финансиски и енергетски пазари, а последиците ќе ги почувствуваат просечните американски граѓани, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Не можам да се сетам на денот кога нашата земја живееше без никакви западни ограничувања. Научивме да работиме во такви услови и не само да опстанеме, туку и да ја развиваме државата“, рече Антонов на Фејсбук, пренесува ТАС С.

Тој нагласи дека неспорно е дека санкциите против Москва силно ќе ги погодат светските финансиски и енергетски пазари, а нема да бидат поштедени ниту САД, бидејќи просечниот граѓанин ќе ги почувствува последиците од поскапувањето.

Можете да прочитате

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина

Стармер: Манделсон го предаде Обединетото Кралство со обелоденувањето информации за Епстин

Американски воени бродови се распоредија на Хаити