Утрински Весник
Македонија

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај неговата оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за софтвер кој МВР не го користи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите, Драги Рашковски, информира дека неговото повлекување од функцијата нема да влијае во постапката по предмеите кои се поврзани со него.

„Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, стои во кусото соопштение.

Името на Рашковски во последниот период беше поврзано со низа обвинувања од опозицијата, со неколку случаи кои се под мониторинг на Антикорупсиската комисија, а дел се и предмет на истрага во Јавното обвинителство. Некои од нив се „Леонардо“, „Софтвер за МВР“, „Џип волво“…

Рашковски во оставката чиј текст утрово го објави на социјалните мрежи, наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции“, напиша тој.

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево