Утрински Весник
Култура

„Антево слово“ – Меѓународен конкурс за поезија во Италија

„Антево слово“ – Меѓународен конкурс за поезија во Италија

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на електронската адреса: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 10 јануари 2021 година.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, претставник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Претсавниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот.

Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели на 28 март 2021 во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“