Утрински Весник
Спорт

Ансу Фати официјално во Барса до 2027 година, откупна клаузула од милијарда евра!

Ансу Фати официјално во Барса до 2027 година, откупна клаузула од милијарда евра!

Барселона успеа да се договори со својот талент, наследникот на „десетката“ на Лео Меси, Ансу Фати за нов договор до 2027 година, со откупна клаузула од фантастични милијарда евра.

18-годишниот Фати треба да биде иднина на каталонскиот клуб откако произлезе од нивната славна школа „Ла масија“, заедно со Гави и Педри, кои треба да „пораснат“ во столб на тимот кој ова лето ја загуби својата прва ѕвезда, Лионел Меси и се наоѓа во огромни финансиски проблеми, со кои било какви засилувања ќе бидат ефтини, ако воопшто ги има.

По 1:0 победата на Барса над Динамо Киев, нивни прв триумф во третото коло во Лигата на шампионите, клубот ја потврди веста дека Фати останува долгорочно во тимот, со најавена прес-конференција за во четврток.

> Ансу Фати официјално во Барса до 2027 година, откупна клаузула од милијарда евра! <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија