Утрински Весник
Економија

Анкета на Евростат: Европејците се повеќе купуваат преку Интернет

Анкета на Евростат: Европејците се повеќе купуваат преку Интернет

Купувањето преку интернет во Европската Унија е во пораст, пред сè поради поради промените во навиките на клиентите, а пандемијата на коронавируси веројатно ќе го забрза овој тренд, објави европскиот завод за статистика Евростат.

Според последните податоци, повеќе од 70 проценти од луѓето порачале нешто преку интернет во последната година.

89 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле интернет, а 72 проценти од нив купиле или нарачале стоки или услуги за приватна употреба, стои во истражувањето на Евростат за 2020 година.

За споредба, во 2019 година 68 проценти од корисниците користеле интернет за купување, а во 2015 година, 62 проценти.

Според Евростат, најголем број на набавки преку интернет имало во Холандија и Данска – дури 91 и 90 проценти.

Во непосредна близина е и Германија, каде 87 проценти од корисниците одлучиле да купуваат преку интернет.

Во Хрватска, 69 проценти од корисниците користеле интернет за да купуваат.

Хрватска, заедно со Чешка, Унгарија и Романија, е група на земји каде што купувањето преку интернет се проширило најмногу кај корисниците последните пет години.

Според Евростат, најмногу се купувала облека, а следна е испораката на храна и пијалаци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ