Утрински Весник
Економија

Анкета: Милијардерите треба да помогнат да се стави крај на сиромаштијата

Анкета: Милијардерите треба да помогнат да се стави крај на сиромаштијата

Њујорк, 29 април 2020 (МИА) – Вкупно осум од 10 луѓе сметаат дека милијардерите би требало да помогнат во ставањето крај на сиромаштијата, нееднаквоста и многуте глобални болести, покажуваат резултати од анкета спроведена од движењето Глобал Ситизен и агенцијата Глокалитис.

Државите членки на ОН едногласно се сложија со амбициозните планови, познати под името Одржливи развојни цели (СДГ) 2015 година со список на цели за ставање крај на гладот, родовата нееднаквост и подобрувањето на пристапот до образование и здравствена заштита до 2030 година.

Но истражувачите наведоа дека постои недостиг од 400 милијарди долари годишно за постигнување на тие цели и недостиг од 350 милијарди долари само во 59 најсиромашни земји што ќе има глобални импликации.

– Филантропијата може да влезе и да ги отстрани огромните критични празнини, рече Мајкл Шелдрик од Глобал Ситизен, група која се бори против сиромаштијата и кој испитала околу 27.000 луѓе во 25 земки заедно со холандската агенција за истражување Глокалитис.

– Ковид-19 е пример за тоа, рече Шелдрик. јт/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk