Утрински Весник
Сцена

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Милано, 8 април 2020 (/) – Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреја Бочели ќе пее на католички Велигден во празната катедрала Дуомо во Милано. Концертот ќе биде пренесуван на неговиот Јутјуб-канал.

Настапот треба да биде „симбол на љубовта, заедништвото и закрепнувањето во ерата на коронавирусот“, како што вели најавата.

– Чест ми е и среќен сум што сум поканет од градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва. Верувам во Велигден. Тоа е универзален симбол на повторното раѓање коешто сега им треба на сите – и на верниците и на оние што не веруваат, вели славниот тенор.

Бочели ќе го придружува само катедралниот оргулист Емануел Вијанели.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка