Утрински Весник
Македонија

Андреевски: Гасификацијата на државава остана само лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, денес таа станува реалност

Андреевски: Гасификацијата на државава остана само лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, денес таа станува реалност

Скопје, 22 февруари 2020

Прес-конференција, Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ

Во пресрет на изборите на 12 април тема на денешната прес- конференција на Kомисијата за енергетика ќе биде контрастот меѓу две политики, две визии во секторот. Од една страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  и од друга страна под  китата  на ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период.

Факт број 1 за кој што денес ќе се потсетиме е  во 11 годишното владеење на  ВМРО- ДПМНЕ, носечкиот проект во гасниот сектор беше  поврзувањето со “јужниот поток” и склучување на договори со Руската федерација и  ГАСПРОМ.

Се потпишуваа меморандуми и договори, се организираа безброј патувања до Москва и назад, но реализација на тој проект никогаш не се случи.

Имено, факт број 2 од другата страна на изборната програма на СДСМ од 2014 и 2016 година, јасно посочивме дека на републиката и треба нов гасен коридор со еден од соседите, во случајот Интаконектор со Република Грција. Денес можам да ве информирам дека тој проект е поддржан и од САД и од ЕУ, добиени се парични средства во вид на гранд, а проектирањето е во завршна фаза. Се очекува во текот на оваа година да започне делот на изградба и во 2021 да ги почувствуваме придобивките од тој интаконектор.

Како што за 2,5 години ги реализиравме ветувањата дадени кон граѓаните, преку мерки и политики како што е враќањето на ефтината тарифа, решавањето на проблемот на исклучените од топлификациониот систем, намалување на ДДВ-то за парно греење од 18 на 5%, либерализација на пазарната електрична енергија и природен гас, носењето на нов закон за енергетика со сите негови европски придобивки и квалитети, изградбата на многу повеќе фотоволтаици, отворањето на можноста граѓаните да инвестираат во сопствени мини фотоволтаични централи итн.

Така ветуваме дека природниот гас со овој интерконектор, ќе стане достапен и ќе ја направи републиката транзитна земја на природен гас.

Затоа граѓаните на 12 април ќе направат разлика помеѓу една политика и една визија наспроти времето на Груевски и ВМРО- ДПМНЕ.

Да не дозволиме повторно режим.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара

Почина пациентка во тетовската болница, МЗ бара инспекција на случајот

9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви, вели ВМРО-ДПМНЕ